Арсенал и Барселона го посакуваат Рафиња од Лидс
Челниците на Арсенал преговараат со Лидс во врска со трансфер на Бразилецот Рафиња. Како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од Лондон веќе ја испратил првата понуда за офанзивниот фудбалер, но истата била одбиена од Лидс.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, претходно ја објави веста дека Рафиња ги договорил личните услови со Барселона,но претставниците на двата клуба сеуште немаат започнато официјални преговори. Менаџер на Бразилецот е бившиот фудбалер на Каталонците, Деко, кој посакува неговиот клиент кариерата да ја продолжи во Барса.
25-годишниот Рафиња има договор со Лидс Јунајтед до 2024 година, и се проценува дека неговото обештетување би вредело помеѓу 65 и 75 милиони евра.