Арсенал и Милан во битка за Ренато Санчез

Екипите на Арсенал и Милан се натпреваруваат за потписот на португалскиот репрезентативец Ренато Санчез.
24-годишниот Санчез кој во моментот настапува за францускиот клуб Лил, веќе подолго време е следен од премиерлигашот Арсенал кој би можел да испрати официјална понуда за негово купување во јануари.
Милан исто така е подготвен да го доведе Санчез во своите редови како замена за Франк Кеси кој се очекува да го напушти клубот во наредниот трансфер период.