Арсенал и Тотенхем се интересираат за Актуркоглу од Галатасарај

Одличните игри на Керем Актуркоглу во дресот на Галатасарај го привлекоа вниманието на фудбалските клубови надвор од Турција.
23-годишниот фудбалер сезонава „растура“ во дресот на турскиот великан, постигна осум гола и запиша пет асистенции, а имаше и забележителна улога во дуелот од Лигата на Европа против Барселона.
За турското крило се заинтересирани лондонските ривали Арсенал и Тотенхем, па лесно може да се случи талентираниот Актуркоглу следната сезона кариерата да ја продолжи во Лондон.
Неговиот актуелен договор со Галатасарај е со важност до 2026 година, а пазарната вредност му е проценета на 11 милиони евра.