Арсенал и Јуве спремни да ги заменат Локонга и Локатели

Јувентус е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.
Локонга го загуби местото во првиот тим кај Артета и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
22-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и Алегри сака да го донесе во јануари. Во исто време Арсенал е силно заинтересиран за Локатели, па би можело да дојде до трампа помеѓу двата клуба, со тоа што „топџиите“ ќе доплатат додатни 15 милиони евра.