Арсенал купува напаѓач во зимскиот преоден рок

Играчот на Брентфорд, Иван Тони, кој доби забрана за настап поради илегално обложување, во јануари ќе направи голем трансфер.
Суспензијата му трае до 17 јануари 2024 година, а веќе му соопштил на Бренфорд дека сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Најсилен интерес за 27-годишниот напаѓач покажува Арсенал, кој сака да доведе големо засилување во нападот.
Тони има договор со Брентфорд до 2025 година и клубот за неговата слобода бара 60 милиони евра.