Арсенал на продажба, позната и цената!
Арсенал е на продажба, и тоа не само сега.
Извори блиски до клубот потврдија дека Стен Кренке се обидува да го продаде клубот веќе неколку години, но кризата со пандемијата ја намали цената. Американецот и пред неколку денови рече дека нема да го продаде Арсенал, но наводно би се согласил на сума од околу 1,7 милијарди евра. Сопственикот на „Спотифај“, Даниел Ек изјави дека ќе испрати понуда, ќе направи конзорциум со поранешните ѕвезди Виеира и Анри, но беше дочекан „на нож“ кај англиските медиумми.
Иако тврди дека од мали нозе е навивач на Арсенал, швеѓанецот не го следи Твитер профилот на клубот, а и никој досега не успеал да ги потврди неговите зборови дека го гледал Арсенал во живо.
Поранешниот акционер Алисер Усманов и нигерискиот милијардер Алико Данготе заеднички сакаа да го преземат клубот, но Американците бараа 1,7 милијарди фунти. Дали сега ќе се согласат на помалку, останува да видиме. Арсенал губи пари, навивачите долго се против сопствениците, а слабите партии во првенството веќе одамна го елиминираа клубот од борбата за сериозен пласман.