Арсенал нема да го откупи договорот на Стерлинг

Првите луѓе на Арсенал и тренерот, Микел Аретата, не се задоволни од ефектот на фудбалерот, Рахим Стерлинг, наведуваат дел од медиумите во Англија.
Наводно, челниците на „топџиите“ ги информирале колегите од Челзи дека не планираат да ја искористат опцијата на крајот на сезоната и да му го откупат договорот.
Англичанецот кој e позајмен за една сезона, досега има одиграно 12 натпревари за Арсенал но, не успеа да се запише во листата на стрелците.