Арсенал не го пријави Тимбер за ЛШ
Дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, неочекувано беше изоставен од 25-члениот тим на Микел Артета за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.
Холанѓанецот кон средината на август ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и ќе мора да закрепнува околу половина година. Сепак, тој би можел да биде вклучен во јануари, кога списокот би можел да се ажурира доколку Арсенал ја помине групната фаза.
Наместо Тимбер, на списокот се ветеранот Седрик Соарес и 18-годишниот одбранбен играч Лино Соуса. Остатокот од летните засилувања – Деклан Рајс, Каи Хаверц и Дејвид Раја логично се пријавени за натпреварите од Лигата на шампионите, од кои првиот е против ПСВ Ајндховен на 20 септември.