Арсенал постави дефанзивен премиерлигашки рекорд

Арсенал стана првиот англиски клуб од Премиер лигата кој победил на шест натпревари во еден месец без да прими гол. Арсенал постави рекорд без примен гол во октомври.
Синоќа тимот на Микел Артета го победи Брајтон во осминафиналето од англискиот Лига Куп (2-0). Арсенал ги доби сите шест натпревари во октомври, при што не прими ниту еден. Ниту еден друг тим во Премиерлигата не постигнал ваков резултат.