Арсенал пронајде решение за одбраната, познато колку ќе ги чини!
Арсенал веќе неколку години мака мачи со одбраната, па на мета на „топџиите“ се најдоа неколку дефанзивци кои би можеле да пристигнат во Лондон на крајот од сезоната. Еден од нив е и дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, тврдат медиумите. Клубот од Лондон е подготвен да издвои дури и до 50 милиони евра како би го довел 21- годишниот фудбалер на „Емирати“, а преговоите се наводно веќе во тек. Сепак, вистинско прашање е дали самиот Конате би прифатил да ја замени Бундеслигата и Лигата на шампионите со Премиерлигата и големата неизвесност кога станува збор за настапите во некое од европските натпреварувања. Екипата на Микел Артета се наоѓа на 10. позиција во Премиерлигата со освоени 38 бодови.