Арсенал против Ливерпул а Челзи против Тотенхем во борба за финале на англискиот Лига куп
Непосредно после дознавањето на полуфиналистите, одржана е ждрепката на која се извлечени ривалите кои ќе се борат за пласман во финалето на англискиот Лига куп.
Ждрепката одлучи во полуфиналето да се сретнат Арсенал со Ливерпул и Челзи против Тотенхем.
Првите натпревари ќе се играат на трети јануари, додека реваншите седум дена подоцна.
Арсенал до полуфиналето стигна со победа над Сандерленд со 5:1, Ливерпул беше подобар од Лестер после изведување на пенали 5:4, регуларниот дел заврши 3:3, Екипата на Челзи го совлада Брентфорд со 2:0, додека Тотенхем победи на Вест Хем со 2:1.