Арсенал размислува за враќање на Серж Гнабри
Екипата на Арсенал размислува за враќање на фудбалерот Серж Гнабри. Германецот својата сениорска кариера ја започна во клубот од Лондон, а во 2014 година со „топџиите“ го освои ФА Купот.
Две години подоцна Гнабри реши да си замине бидејќи не беше задоволен од малата минутажа што ја добиваше од тогашниот тренер Арсен Венгер.
Актуелниот договор на Гнабри со Баерн истекува во летото 2023 година, а двете страни се уште не можат да се договорат за нов договор. Наскоро тој ќе влезе во последната година од овој договор, па Баерн може да одлучи, доколку Гнабри не сака да ја продолжи соработката да биде ставен на трансфер листа.
Доколку Арсенал успее да се пласира во Лигата на шампионите, тогаш клубот и тренерот Микел Артета ќе ги зголемат шансите да го убедат 26-годишниот Гнабри да се врати на „Емирати“.