Арсенал сега има 87% да ја освои Премиер лигата

Шансите на Арсенал да ја освои титулата се зголемија по вчерашаната победа над Вест Хем. „Топчиите“ остануваат на врвот на табелата со 79 бода. Манчестер Сити е втор со 74 бода, но има натпревар помалку.

Суперкомпјутерот „Опта“ ги процени шансите на Арсенал да ја освои Премиер лигата на 87,2%. По 31-то коло, шансите на „топчиите“ да ја освојат титулата беа 97,7%, но по 33-то коло паднаа на 72,97%. Шансите на Манчестер Сити да ја освои титулата се само 12,8%.