Арсенал се вклучи во трката за десетката на Милан
Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат. Ситуацијата будно ја следи Арсенал кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Емирати“. Покрај „топџиите“ за плејмејкерот интерес покажуваат уште Челзи и Јувентус.
