Арсенал се засили меѓу стативите, потпиша со Кепа

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, објавија британските медиуми.
„Топџиите“ бараа резервен голман, а нивната прва опција беше Жоан Гарсија (24) од Еспањол, но таа алтернатива пропадна. Затоа се свртеа кон Аризабалага, чиј договор со Челзи истекува за една година.
Откупната клаузула е шест милиони евра.
Аризабалага пристигна во Челзи во летото 2018 година од Атлетик Билбао во трансфер вреден дури 80 милиони евра, што е највисоката сума платена за голман во историјата на фудбалот.
Последните две сезони ги помина на позајмица, прво во Реал Мадрид, а потоа во Борнмут, каде што беше стандарден во првиот тим.
Сега треба да биде замена за сонародникот Давид Раја во Арсенал.