Арсенал со интерес за Жезус од Сити

Според англискиот спортски портал Атлетик, напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, би можел да заврши во екипата на Арсенал.
Спортскиот директор на тимот од Лондон, Бразилецот Еду,во последните месеци е во контакт со претставници на својот сонародник и според информациите има напредок во преговорите меѓу страните.
Сезонава Габриел Жезус има 23 натпревари и 3 гола во дресот на Манчестер Сити.