Арсенал со пресврт го елиминира Реал во женската ЛШ

Фудбалерките на лондонски Арсенал се пласираа синоќа во полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако на домашен терен го совладаа Реал Мадрид со 3-0 и со вкупен резултат од 3-2 го елиминираа големиот фаворит за освојување на титулата.
Во полуфиналето, Арсенал ќе се соочи со минатогодишниот финалист, француски Лион, кој го елиминираше Баерн Минхен со вкупни 6:1.
Фудбалерите на Арсенал го загубија првиот дуел во Мадрид со 2-0, а по првото полувреме без голови во Лондон се чинеше дека Реал Мадрид лесно ќе се пласира во полуфиналето.
Сепак, со три голови во почетните 14 минути од вториот дел, Арсенал целосно ја промени ситуацијата на теренот, а потоа го одржуваше водството до крајот на натпреварот.
Натпреварот во Лондон го следеа 22.517 гледачи со платени билети, што е рекорд во женската Лига на шампиони за еден четвртфинален натпревар.