Арсенал спрема понуда за Депај

Шпанските медиуми објавуваат дека Арсенал сака да го доведе во своите редови Мемфис Депај, и за таа цел спремаат понуда до Барселона од 45 милиони евра.
Одличните игри во Лион, и солидните партии во Барселона изминатава сезона, ги наведоа раководните лица во Арсенал да размислуваат за ангажман на 28-годишниот Холанѓанец, кој би бил замена за Лаказет доколку Французинот се одлучи да замине од лондонскиот клуб.
Наводно за Депај, постои интерес и од екипите на Евертон и Њукасл Јунајтед. Евертон е опција доколку обезбеди премиерлигашки статус и наредната сезона.