Арсенал спремен да плати 80 милиони евра за Влаховиќ

Душан Влаховиќ и понатаму е во сферата на интереси на Јувентус и лондонски Арсенал.

Виолетовите бараат 80 милиони евра за играчот, што може да го спречи Јувентус да го направи трансферот на играчот, објавија медиумите во Италија. Тоа значи дека, финансиската способност на Арсенал му овозможува на клубот да и ја плати на Фиорентина потребната сума за 21-годишниот српски напаѓач.

Сезонава Влаховиќ постигна 18 гола и даде три асистенции на 22 натпревари во Серија А и Купот на Италија. Договорот на напаѓачот истекува во 2023 година, а неговата пазарна цена во моментов се проценува на 50 милиони евра.