Арсенал убеден во договор со Михаило Мудрик

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо изјави дека лондонски Арсенал е сигурен во потписот на напаѓачот на Шахтјор, Михаило Мудрик во зимскиот преоден рок.

„Секако дека Арсенал е уверен и Артета исто така е сигурен во овој договор. Но, постигнувањето договор со Шахтјор е клучно. Тие беа толку силни во преговорите дури и во август кога одбија 30 милиони евра од Евертон, што беше одлична понуда. Во овој момент од преговорите, не беше спомената временска рамка, тие продолжуваат“, напиша Фабрицио Романо во својата колумна.

Да напоменеме дека лондонскиот тим се нарекува главен претендент за потписот на 21-годишниот фудбалер. Самиот Мудрик е исто така заинтересиран за преселба во Арсенал, во кој е неговиот сонародник Александр Зинченко.