Арсенал ја отпушти sвездата две години пред истекот на договорот

Арсенал наскоро ќе го отпушти Бразилецот Вилијан Борхес.

Вилијан не е во плановите на менаџерот Микел Артета и клубот работи на раскинување на договорот со бразилскиот интернационалец две години пред истекот.

Вилијан се согласува со таа одлука, и веќе договори нов трансфер. Тој наскоро треба да потпише за бразилскиот Коринтијанс.

Бразилецот пристигна во Арсенал минатото лето од Челзи откако му истече договорот. Тој не покажа премногу во Арсенал и сега се враќа во својата татковина.

Во кариерата играше за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк, Анжи и Челзи. За Бразил одигра 70 натпревари и постигна девет гола.