Арсенал ќе му понуди нов договор на Џака
Раководството на екипата на Арсенал најверојатно ќе му понуди нов договор на Гранит Џака, иако цело лето се шпекулираше дека тој ке го замени Лондон со друга дестинација.
Се очекуваше лондонскиот клуб да го продаде, но трансферот се искомплицира.
Рома беше заинтересирана да го ангажира трајно, но не ги исполни барањата на „топџиите“. Имено тимот од главниот град на Италија понудил 15 милиони за Џака, сума што Арсенал веднаш ја одби.
„Арсенал знае каква е мојата желба. Многу ми е убаво овде во Лондон и би сакал да останам.“ – изјави Швајцарскиот репрезентативец.