Арсими со големи три бода се враќа од Чаир

Екипата на Арсими ја запиша втората победа во новата сезона, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново на „Чаир“ славеше со сигурни 0-2. Херојот на гостите беше резервистот Каба Јакупи, кој беше автор на двата гола.
Иако домаќините имаа посед на топка, гостите преку Олаесебикан од далечина први се заканија. Следеше подобра игра на „црвено-црните“ и серија на шанси пред голот на Силјановски.
Адили се обиде од далечина, Керим со глава, а во финишот на првиот дел Шаркоски бараше пенал по стартот на Џемаили, но судијата Пилешков и ВАР-собата не се огласија. Сепак, во првиот дел најзрелата шанса ја имаа гостите од Чегране. Капитенот Аљбин Рамадани изби сам пред Столески во 35. минута, но биеше преку голот.
Во продолжението Рамадани сам излезе пред голманот, но премногу чекаше и пропадна првата шанса за Арсими во вториот дел. Само четири минути подоцна Мехмед биеше од мртов агол, но Силјановски беше на висината на задачата и го сочува својот гол.
Во 54 минута Рамадани центрираше, а Личина ризикуваше автогол, но сепак спаси чист гол пред Контрерас. Девет минути подоцна во шанса се најде и нововлезениот Каба Јакупи, но Столевски се најде на вистинско место.
Во второто соочување меѓу Јакупи и Столевски, поуспешен беше гостинскиот фудбалер, кој со еврогол ја погоди целта и донесе огромна радост за гостите. Во самиот финиш, Јакупи одново се најде во центарот на вниманието, откако повторно го совлада Столевски и ги постави конечните 0-2.