Арсими со големи три бода се враќа од Ѓорче Петров

Во дуелот на двата тима кои во моментов се борат за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, Арсими како гостин со 1-0 го совлада директниот конкурент Македонија ЃП.
Клучниот момент на овој дуел се случи во 28. минута кога искусниот Фатјон Јусуфи успеа да го совлада домашниот чувар на мрежата Ристе Јанков.
Претходно домаќинот имаше можност да стигне до предност преку Еступијан, а подоцна Арсими не реализираше преку ударот на Бајо чиј удар со глава заврши крај левиот дирек.
Во финишот на првиот дел, Николиќ погоди за 1-1, но голот беше поништен поради офсајд, а потоа Србинот имаше и ситуација во петерецот на Арсими но не успеа да се снајде најдобро.
Во второто полувреме, Гереро имаше соло пробив во кој имаше добра позиција но неговиот удар беше навреме изблокиран, пред обидите на младиот Матео Софијановски.
На неколку минути до крајот на мечот, Арсими имаше ситуација да поведе и со 0-2, но ударот на интернационалецот од Нигерија Олатунбосун Сикиру, заврши во пречката од голот на Македонија ЃП.
По денешниот натпревар, Арсими има 32 бода и е седми на табелата додека Македонија ЃП е претпоследна со 23 и до крајот на сезоната ја очекува жестока битка за опстанок во елитното фудбалско друштво.