Артета: Арсенал е на вистинскиот пат

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не крие дека е разочаран од ефектот во сезонава која завршува. Неговиот тим петта година по ред не успеа да освои трофеј во ниту една конкуренција.
„Несреќни сме и разочарани но, мислам дека сме на вистинскиот пат. Можам да ветам дека ќе направам сè за да го извлечам најдоброто од фудбалерите.
Мора да започнеме да создаваме историја тука, на нашиот стадион“, рече Артета.