Артета бара две нови имиња за зимскиот преоден рок
Иако до новиот преоден рок остануваат уште два месеци, Микел Артета веќе почна да работи на нови засилувања. Така барем тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. Имено, тој тврди дека Артета подготвил голема понуда за еден од поранешните играчи на Манчестер Сити и дека сака да го види во Арсенал.
Минатото лето Топџиите потрошија многу, а најголемиот трансфер во клупската историја „падна“ затоа што го доведоа Деклан Рајс од Вест Хем за 105 милиони фунти.
Дополнително, тие потрошија многу пари за да го доведат Каи Хаверц, кој моментално не ги оправда уплатените пари. Иако Артета го засили средниот ред со овие два големи трансфери, Артета намириса дека треба да донесе уште еден голем фудбалер.
Според Фабрицио Романо, Артета веќе почнал да работи на доведување на играчот на Астон Вила, Даглас Луиз.
Покрај тоа, на неговиот радар има и фудбалер на Вулверхемптон кој игра на крилните позиции и тоа Педро Нето.