Артета главен кандидат за наследник на Анчелоти
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Арсенал, Микел Артета, би можел да седне на клупата на Реал Мадрид доколку по крајот на сезоната челниците на „кралскиот клуб“, одлучат да се разделат со Карло Анчелоти.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, не е задоволен од игрите на екипата во последниов период, а како најодговорен за оваа состојба се потенцира Анчелоти.
Реал Мадрид во моментот е на втората позиција во првентсвото на Шпанија, со девет бода помалку од првопласираната Барселона.
40-годишниот Артета кој е роден во Сан Себастијан, е тренер на Арсенал од 2019.година. Клубот од Лондон го држи првото место во Премиер лигата и има пет бода повеќе од главниот конкурент за титулата, Манчестер Сити.