Артета го брани Ѓокереш по тешкиот натпревар со Сити

Микел Артета јавно застана во одбрана на напаѓачот Виктор Ѓокереш по тивката партија против Манчестер Сити, која заврши 1-1. Швеѓанецот не упати ниту еден удар кон голот, но Артета потенцираше дека Ѓокереш вложил голем труд и покажал посветеност.
„Се труди максимално,“ рече Артета. „Тоа беше тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во Европа. Таквите мечеви се многу барачки, особено за напаѓачите.“
Иако Ѓокереш не успеа да се запише на листата на стрелци, Артета истакна дека Арсенал создаде неколку солидни ситуации, особено по страничните позиции. Според него, последниот пас не бил доволно прецизен, и дека мора да се подобри квалитетот на додавањата кон напаѓачот.
„Имаше моменти кога беше блиску. Понекогаш сè се сведува на сантиметри,“ додаде Артета, нагласувајќи дека против вакви ривали, чисти шанси се реткост.
Натпреварот доби нова динамика со влегувањето на Габриел Мартинели, кој во судиското надополнување го израмни резултатот. Артета го пофали неговиот менталитет и енергијата што ја внесе од клупата, оценувајќи ја како клучна за тимот.
Иако Арсенал е 5 бода зад Ливерпул во битката за титулата, Артета останува позитивен. Тој истакна дека има доверба во правецот во кој оди тимот, и во способноста на Ѓокереш да се прилагоди и напредува.