Артета го сака Иско на „Емирати“

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе се обиде да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Иско. Шпанецот не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан и најверојатно ќе добие зелено светло да си замине од „Сантијаго Бернабе“. Според најавите, лондончани првично сакаат да го ангажираат Иско како позајмен играч до крајот на сезоната а потоа и да му го откупат договорот. Артета токму во младиот фудбалер гледа идеален заменик на Месут Озил кој набрзо треба да го напушти стадионот – „Емирати“.