Артета добива богатство за летниот преоден рок

Арсенал е подготвен да инвестира повеќе од 230 милиони евра за да го засили својот тим во летниот преоден рок, пренесува „Тајмс“.

Според изворот, тренерот на Арсенал, Микел Артета, добил зелено светло од управата за големи трошоци во летото. Менаџерот на „топчиите“ е заинтересиран да ги ангажира играчите од средниот ред на Вест Хем и Брајтон, Деклан Рајс и Мојсес Кајседо.

Исто така, Арсенал може да се врати на опцијата за потпис на Рафиња од Барселона и Муса Дијаби од Баер Леверкузен.

„Топчиите“ остануваат заинтересирани за играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт. Арсенал во моментов е втор во Премиер лигата по 35 одиграни натпревари со 81 бод, 4 помалку од лидерот Манчестер Сити.