Артета загрижен од повредата на Калафиори против Шахтјор

Арсенал го победи Шахтјор со 1-0 во третото коло во Лигата на шампионите. „Топџиите“ славеа со автоголот на Рижик во 29.минута, a во 77. пенал не реализира Тросар.

Арсенал не блескаше против шампионот на Украина, но за Артета најважни се трите бода. Шпанскиот стратег повеќе од просечната игра е загрижен за повредата на Рикардо Калафиори. Италијанскиот дефанзивец во 72.минута мораше да го напушти теренот.

„Во моментов немам точни информации за што се работи, но сигурно не изгледа добро. Чувствуваше болка во коленото, се обидуваше да игра, но не можеше. Ќе видиме по деталните лекарски прегледи за каква повреда се работи“, изјави Артета.

Калафиори е неизвесен за дербито со Ливерпул во нeдела.