Артета загрижен по повредата на Томас Парти
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека играчот од средниот ред, Томас Парти, може да биде долго време надвор од терените поради повреда.
Парти беше повреден на пријателскиот натпревар против Челзи. Играчот беше заменет на крајот на првото полувреме откако се здоби со повреда на скочниот зглоб. „Само што разговарав со докторот. Утре ќе направи рентген. Но, досега од тоа што го видов изгледа доста лошо “, изјави Микел Артета.
По дуелот со Рубен Лофтус-Чик, Парти беше принуден да го напушти теренот, тој беше заменет со Гранит Џака во 40. минута.
Претходно беше објавено дека Џака може да оди во Рома. Но, подоцна се појави информација дека лондончани имаат намера да го задржат играчот и да го продолжат договорот со него. Во случај на сериозна повреда на Парти, Гранит Џака може да добие повеќе минутажа во стартниот состав на Арсенал.