Артета задоволен: Во моментот сме на посакуваното место

Тренерот на Арсенал, Микел Артета искажа задоволство после триумфот над Астон Вила со 1:0 во натпреварот од 30.коло на Премиер лигата.

Популарните „топџии“ славеа над тимот од Бирмингем со голот кој го постигна Букајо Сака и се вратија на победничката патека после поразот од Ливерпул. Тимот од Лондон е на одличното четврто место кое води во Лигата на шампиони. Тие имаат 54 бода, четири повеќе од петтопласираниот Манчестер Јунајтед, но и еден натпревар помалку.

„Ова беше многу значајна победа за нас. Игравме многу добро, иако не успеавме да го решиме натпреварот многу порано. Покажавме истрајност и на крајот ги освоивме трите бода. Ни остануваат уште десет натпревари до крајот и во моментот се наоѓаме на местото кое го посакуваме“, изјави Артета.