Артета им нуди нови договори на младите ѕвезди на Арсенал

Лондонскиот Арсенал има намера да го искористи добриот почеток во сезоната 2022/23 за да ги продолжи договорите на своите млади ѕвезди. Станува збор за продолжување на соработката со Букајо Сака, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба.

Во Арсенал имаат намера да ангажираат и нов централен играч за врска во зимскиот преоден рок. Клубот сака да создаде поголем ростер на тимот за да остане конкурентен во текот на целата сезона на англиската Премиер лига.

Арсенал моментално води во Премиер лигата со 21 бод од осум натпревари. Манчестер Сити е на второто место со бод помалку. Тотенхем е трет со 17 бода.