Артета и Халанд се адутите на Рикелме на изборите во Мадрид

На 7 јуни ќе се одржат изборите за претседател на Реал Мадрид. Флорентино Перез по долго време има сериозна конкуренција во младиот 37-годишен милијардер и бизнисмен Енрике Рикелме.
Јасно е дека Флорентино Перез е фаворит за победа и за нов мандат, сепак треба да се почека до 7 јуни.
А дека Рикелме сериозна влегува во трката доказ се последните вести од Мадри кои велат дека тој ветува големи работи на избирачите.
Имено ветува дека ќе ги потпише Ерлинг Халанд, а сензација е тоа што ветува дека ако тој биде избран нов тренер на Реал Мадрид ќе биде никој друг туку Микел Артета, актуелниот стратег на Арсенал кој оваа сезона конечно ја освои титулата во Премиерлигата.