Артета му нуди нов договор и поголема плата на Луис-Скели

Арсенал е подготвен да финализира нов долгорочен договор за младата ѕвезда Мајлс Луис-Скели во обид да го одбие интересот од Реал Мадрид и да ги обезбеди услугите на еден од своите најперспективни млади таленти.
Според познатиот новинар Чарлс Вотс, се е веќе договорено и се очекува официјално соопштение во наредните денови. „Топџиите“ реагираат брзо откако силната дебитантска сезона на 18-годишниот лев бек го привлече вниманието на Реал Мадрид.
Според „Атлетик“, новиот договор ќе вклучува значително зголемување на платата, што го прави Луис-Скели еден од најплатените млади играчи во светот.
Луис-Скели се етаблираше како еден од најимпресивните млади таленти на Англија откако постигна гол за националниот тим и стана најмладиот играч што постигнал гол за Англија на своето деби, на возраст од само 18 години и 176 дена.
Новиот договор на Луис-Скели е јасен знак дека Арсенал има намера да ја гради својата иднина околу тинејџерот, кој исто така има амбиции да влезе во тимот.