Артета: Обамејанг загуби седум килограми

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, кој се опоравува од маларија. „Многу разговарав со него. Вчера за прв пат влезе на терен на тренинг. Тој сè уште е под медицински надзор. Тој претрпе сериозно заболување, имаше неколку тешки моменти. Ние сакаме да му помогнеме брзо да се опорави и да се врати во форма, бидејќи ни е потребен. Вчера изгледаше подобро. Се надевам дека кога ќе ја врати претходната тежина, која ја изгуби поради болест, ќе може целосно да тренира“, изјави Артета. Во тековната сезона на англиската Премиер лига, Обамејанг одигра 25 натпревари, на кои постигна 9 гола и 1 асистенција.