Артета по секоја цена го сака Зубименди од Реал Сосиедад

Екипата на Арсенал веројатно ќе успее да го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.
24-годишниот фудбалер потекнува од школата на тимот од Сан Себастијан и досега има 137 натпревари со ефект од 8 голови и седум асистенции.
Зубименди има одиграно четири средби за селекцијата на Шпанија. Неговиот трансфер кај „топчиите“ треба да се случи во текот на летото.