Артета: Трофеите не се секогаш мерило за успех

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, му честиташе на ривалот од северен Лондон, Тотенхем, за освојувањето на титулата во Лигата на Европа.

Шпанскиот стручњак, сепак, инсистираше дека трофеите не можат да одредат дали една сезона е успешна или не.

Неговиот Арсенал ја заврши сезоната на второто место во Премиер лигата и без ниту еден трофеј, додека Тотенхем е 17-ти во англиското првенство и ја освои Лигата на Европа.

-Тотенхем е шампион на Лигата на Европа и за да стигнете таму, мора да направите многу работи како што треба. Мислам дека поминуваат низ оваа сезона полна со пречки и на крајот беа наградени на најдобар можен начин, рече Артета.

На прашањето на новинар кој од двата тима имал подобра сезона, Аретета не сакаше да даде конкретен одговор.

-Не сакам да се споредувам со други клубови. Само треба да го анализирам мојот тим. Тоа е мојата единствена работа, рече Артета.