Асвел пред исклучување од Евролигата

Финансиските проблеми на Асвел продолжуваат и францускиот клуб сега се соочува со обврска да плати околу 1,2 милиони евра за кршење на правилата на Евролигата за финансиска стабилност и фер-плеј.

Според правилата на системот за финансиска контрола на Евролигата, Асвел потрошил помалку за плати на играчите во текот на сезоната 2025/26 од минимумот дозволен според правилата за конкурентска рамнотежа.

Доколку Асвел не го подмири долгот, може да остане без можност да регистрира играчи и тренери за сезоната 2026/27 во Евролигата додека не ги исполни своите финансиски обврски.

Овој проблем дополнително го комплицира и онака хаотичното лето на францускиот клуб.