Асенсио интересен за италијанските гиганти

Реал Мадрид ќе прави голема реконструкција на крајот на сезоната. Неколку фудбалери ќе бидат ставени на продажба, а меѓу нив е и Марко Асенсио. Овој 25-годишен фудбалер после тешката повреда повеќе не заигра на истото ниво, па раководството на Реал е спремно да го продаде на лето. За него силен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус, а и самиот играч нема ништо против да се пресели во Серија А.