Асенсио незадоволен од понудата на Реал за нов договор
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио е незадоволен од понудата на клубот за нов договор. Како што е познато, актуелниот договор на играчот истекува на лето, а постојано се појавуваат различни информации во врска со желбата на играчот да остане или да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Во моментов како што стојат работите повеќе е веројатна втората варијанта.
„Реал се обидува да ја намали платата на Асенсио. Тој моментално добива 5 милиони евра по сезона, но клубот сака тој повторно да потпише со пониски параметри, наместо да вклучи неколку бонуси кои се активираат под одредени услови. Сепак, Асенсио не е задоволен со овој предлог, а истото важи и за неговиот агент Жорж Мендеш“, открива новинарот Едуардо Инда.