Асенсио сериозно повреден, Реал без дефанзивецот подолг период

Реал Мадрид се соочи со нов проблем во одбраната, откако е потврдено дека Раул Асенсио ќе мора да оди на операција поради повреда на десната потколеница.
Шпанскиот клуб соопшти дека 23-годишниот дефанзивец во четврток ќе биде опериран поради стрес-фрактура на десната тибија. Асенсио во вторник го прекинал тренингот поради болки, а по дополнителните медицински прегледи било одлучено дека хируршката интервенција е неопходна.
Иако Реал Мадрид не прецизираше колку долго ќе трае паузата, шпанските медиуми наведуваат дека Асенсио би можел да биде надвор од терените меѓу два и четири месеци. Тоа би значело дека неговото враќање на терените е реално да се очекува дури на почетокот на 2027 година.
Асенсио оваа сезона сè уште нема настап за Реал Мадрид. Претходно имаше и мускулна повреда на десната нога, поради која пропушти дел од почетокот на сезоната, а во последните три натпревари беше во составот, но не доби минутажа.
Повредата доаѓа во незгоден момент за Жозе Мурињо, кој веќе има ограничени опции во централниот дел од одбраната. Реал во моментов се потпира на Ибрахима Конате, Дин Хујсен и Антонио Ридигер, додека Едер Милитао продолжува со рехабилитацијата по претходната повреда.