Астон Вила го позајми Бејли на Рома

Играчот од средниот ред на Астон Вила, Леон Бејли, ќе игра на позајмица во Рома до крајот на сезоната, објави денес италијанскиот клуб.
Во соопштението се наведува дека Рома има опција да го откупи договорот на репрезентативецот на Јамајка на крајот од сезоната.
Бејли во својата кариера играше за Генк и Баер Леверкузен, а од 2021 година е член на Астон Вила. Минатата сезона одигра 38 натпревари за клубот од Бирмингем и постигна два гола.
Бејли ќе го носи дресот со број 31 во Рома.