Астон Вила нема да го откупи Заниоло, напаѓачот се враќа во Италија
Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло после одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, во летниот преоден рок се пресели во Премиер лигата. Астон Вила плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
Иако Италијанецот пружи солидни партии во Премиер лигата, сепак Астон Вила донела одлука да НЕ го откуп неговиот договор на крајот на сезоната.
Ситуацијата будно ја следат клубовите од Серија А, пред се Милан, Јувентус и Наполи, кои сакаат на лето да го доведат во своите редови.
Самиот Заниоло сака да се врати во Италија, па само прашање е кој дрес ќе го облече.