Астон Вила подготвена за ангажман на Калвин Филипс

Англискиот премиерлигаш Астон Вила e веројатно новата дестинација за англискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Калвин Филипс.

Играчот од средината на теренот, минатото лето за 45 милиони фунти пристигна во шампионот на Англија меѓутоа големиот проблем со повредите го оддалечија од настапите за првиот тим во екипата предводена од тренерот Гвардиола.

Астон Вила која после назначувањето за тренер на клубот на Унаи Емери игра во извонредна форма, планира дополнително засилување на екипата, па така ангажманот на 27-годишниот Филипс е реална опција за наредната сезона.

Според информациите на медиумите, сумата за евентуален трансфер на Филипс во Астон Вила би изнесувала 33 милиони фунти.