Астон Вила се засили со Морено од Бетис
Англискиот премиерлигаш Астон Вила преку својот Твитер профил потврди дека во своите редови го доведе фудбалерот Алекс Морено.
Морено во клубот од Бирмингем доаѓа од Бетис, и неговиот трансфер изнесува 15 милиони евра фиксно, плус два милиони евра со дополнителни бонуси.
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, уште од самото доаѓање на клупата на англискиот клуб, инсистирал да се доведе офанзивен лев бек, а Шпанецот Морено му беше прва желба.