Астон Вила се приклучи кон интересот за Влаховиќ

Душан Влаховиќ многу веројатно нема иднина во Јувентус и покрај тренерската смена и доаѓањето на Игор Тудор.
Ниту со балканскиот тренер Србинот не успева да ја врати формата, иако се врати во првиот тим на „старата дама“. Влаховиќ сезонава на 35 натпревари постигна 14 погодоци и забележа три асистенции, ама е на сериозна мета на критики.
Влаховиќ нема да има ништо против трансфер од Јувентуа, а наводно заинтересираност за него има од Премиер лигата. Астон Вила е клубот кој појавил интерес за српскиот напаѓач.
За услугите на Душан Влаховиќ се верува дека италијанскиот клуб би прифатил 40 до 50 милиони евра.