Аталанта го враќа Савона во Серија А

Аталанта е заинтересирана да го ангажира фудбалерот, Николо Савона и затоа започна преговори со Нотингем Форест.
Поранешниот десен бек на Јувентус му се приклучи на англискиот клуб во летото во 2025 година со договор вреден 13 милиони евра плус 2,5 во бонуси.
Во исто време екипата од Бергамо може да го продаде Марко Палестра во Интер доколку „нероаѕурите“ платат 50 милиони евра.