Аталанта спремна да ги разгледа понудите за Копмајнерс

Директорот на фудбалскиот состав Аталанта, Лука Пекарси, вели дека ќе се разгледа секоја понуда што ќе пристигне за Копмајнерс кој имаше одлична сезона во екипата од Бергамо.

Медиумите во Италија денеска наведуваат дека Јувентус сака да го ангажира Холанѓанецот како замена за Џорџо Скалвини кој има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и ќе биде на опоравување минимум шест месеци.
Копемајнерс кој со тимот ја освои Лига Европа, на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.